22. 12. 2014.

Лична творба - Запознав ново другарче

                                                  Запознав ново другарче

     Во домот на уметноста се подготвуваше детски балетски спектакл.Редицата пред влезот се зголемуваше, а различни зуења го сечеа ветрот.Големата врата обоена во темноцрвена боја се отвори. Сите се упатија кон влезот од кој се разгрануваа повеќе врати. Јас збунето се упатив кон една од нив.
    Од сцената блескаше совршенство од бои.Го зазедов моето место и претставата полека почнуваше. Во истиот миг до мене седна и едно девојче кое изгледаше како да е на моја возраст. Нејзината бујна костенлива коса нежно се спушташе на жолтото џемперче. Колку што можев да забележам од слабото светло, таа имаше бледникаво лице, украсено со издолжено носе и малечки усни. Си разменивме неколку насмевки. Морам да признам, нејзините бели заби ја правеа неодолива нејзината насмевка.
  Претставата почна, но не беше балет, туку на сцената излезе висока, крупна госпоѓа која пееше опера. Девојчето ме погледна и во ист момент  ги прекривме нашите усни за да не гргнеме во силна смеа. Се работеше за грешка. И двете сме ја згрешиле вратата.
   Дорис беше прекрасна личност. Ние двете станавме многу блиски. Цел летен распуст им се радувавме на сончевите зраци и на нежната синевина на езерото. Ние за себе откривме многу сличности што беше уште поголема причина нашето запознавање да прерасне во трајно пријателство.
  -  Ех, Дорис, толку ме засмеваш, ти мое будалесто пријателче!
                                     - Тамара Дишлијеска VII 1 одд.


Овој расказ  ја доби третата награда на Меѓународниот литературен фестивал „Војислав Деспотов“ во Нови Сад. Честитки за Тамара! Нека се множат успеси!

11. 12. 2014.

Род и број кај именките - вежби


 1. Во следнава низа пронајди ги именките

леб, оди, среќен, маси, три, радост, деца, петел, езеро, девојка, тој, Maja, во, вчера, овој, лебеди, рака.

2. Определи го родот на именките

 Машки род__________________________________________________

Женски род__________________________________________________ 

Среден род__________________________________________________ 

3. Определи го бројот на именките, а потоа од именките во еднина напиши ги формите за множина и обратно.

Еднина _____________________________________________________

Множина____________________________________________________ 

4. Класифицирај ги именките според родот (внимавај на колебањето во родот).

а) Песокта на плажата беше многу жешка.
б) Направи голема кула од песокот.
в) Солта од морската вода му се лепеше на лицето.
г) Во сармата имаше многу сол.

5. Прочитај ја песната и одговори  на  барањата под песната.

       Македонија
Стиснете ги тревките
Неа ќе ја исцедите.

Наслонете се врз каменот
Името ќе и го чуете.

Сименете се во реките
Денот со неа ќе ве почести.

Легнете да починете
и ноќта со неа ќе ве покрие.
       -Анте Поповски

      Во песната има седум именки. Определи го родот и бројот со пополнување и поврзување.

      _____________        _____________        ________________  


           Машки род          Женски род        Среден род


_____________       _______________      _____________      _____________



                    Еднина                           Множина

6.Именувај ги предметите на сликата  најбрзо што можеш (определи го родот и бројот)

Игра - Брзо именување

26. 11. 2014.

Составуваме реченици

1.Од дадените зборови состави реченици.Внимавај на родот, бројот, определеноста.

купија    Учениците       топка     црвена   

лица   зраци   Сончевите     галат    ги       детските   


сообраќаен    Децата     знак      нацртаа   таблата   на


Спортскиот   одигра   се  натпревар   терен    новиот  на


 присутните  девојка   Најубавата  восхити  ги  гости


                                   
Збор по збор се добива реченица.
2.Поправи ги грешките!
 Малата момче трчаше по пешачкиот патека.
 Моја  мајка ги покани мојата најдобар другар на ручек.
 Во шестата ред седеше нашиот професорка  по македонскиот јазик.

3. Состави реченици од дадените зборови. Додај глагол во реченицата и внимавај на родот, бројот и определеноста кај именските зборови.

* кокошка, оваа, пченкарни, зрна

* дете, сок, овошен, малото

*човек, еден, вреден, градилиште, на, големото

21. 11. 2014.

Фантастичен расказ

                         Средба со суштество од друга планета
        Денот ми започна многу убаво.Ме разбуди прекрасното црцорење на птиците.Ме очекуваше убав и возбудлив пролетен ден.
        Јас и моите другарки седевме во градината и разгледувавме списанија за вселената и другите планети. Со возбуда зборувавме за можноста околу нас да има и други суштества и различни светови. И, како некој да не слушнал!? Силна необична светлина ни го одзеде вниманието пропратена со силен тресок.Веднаш истрчавме да видиме што се случува. Неверојатно!Пред нас стоеше еден чуден објект. Всушност пред нас стоеше вселенски брод, ист како во списанието што го разгледувавме.
        Едно чудесно зелено суштество, со необично големи уши и сини очи излезе од бродот и тргна кон нас. Бевме преплашени, не знаевме што да направиме и стаписано стоевме пред непознатиот гостин.Додека збунето го гледавме, тој разбирливо ни се претстави и рече дека се вика Мегасис и дека доаѓа од планетата Инспајран.
        Мегасис беше многу тажен бидејќи неговата планета  се наоѓала  во голема опасност.
  - Прстените со натприродна моќ се изгубени на Земјата и од вас барам помош, очајно ни се обрати.
 - Ве молам, морам да ги пронајдам! Мојот живот и опстанокот на планетата е загрозен! - со плачлив глас ни зборуваше.
       Необичните прстени ќе ја спаселе неговата планета и таа нема да биде уништена.Радарите  на Инспaјран го  детектирале местото каде се наоѓаат прстените, а Мегасис, најхрабриот на планетата е испратен во потрага.
        Ние воопшто не размислувавме, веднаш ја започнавме потрагата. Неколку часа траеше пребарувањето на теренот за на крај среќно да воскликнеме затоа што прстените се најдоа.Беше убаво да се види среќното лице на Мегасис.Тој беше бескрајно благодарен, брзо замина бидејќи Инспајран требаше да се спаси од уништување.
       Возбудлива беше авантурата за спасување на планетата. Се чувствувавме горди што помогнавме и што го спречивме уништувањето. Нашиот нов пријател, Мегасис, ќе нѐ чека за нови возбудливи доживувања.
                                 Ајше Лутишоска VI 2 одд.
                          ООУ„ Единство“, Октиси, Струга

                       
  
                        Посета на друга планета
         Се враќав од училиште. Отсекогаш сонував да се најдам на  некоја друга планета. Сакам да истражувам и да видам што има таму, како се живее, јаде, учи. Во размислувањето ме прекина необичниот звук како тресок и силната светлина што ме обвитка од сите страни. За момент сѐ исчезна, и без да размислувам за времето, се најдов во некоја друга галаксија.
        -Неверојатно! Јас дишам без проблем!- си помислив.
На еден вселенски знак пишуваше: Макотан, галаксија Молериум, дваесет светлосни години.Се најдов покрај една река.Наоколу имаше чудна портокалова трева и многу високи дрвја со необични гранки налик на пиперки. Зачудено зјапав околу мене. Покрај реката забележав едно суштество налик на дете, со големи очи и сина коса.Храбро му се приближив и решив да поразговарам со него. Не се исплаши кога ме виде туку како да ме познава долго време пријателски ми се обрати:
     - Гладна си? Да ти скинам од нашето овошје?
Ме збуни, се замислив, ама гладта беше посилна од сѐ. Зедов од понуденото овошје и слатко загризав. Беше превкусно! Никогаш немав пробано таква храна. Слаткото овошје ме натера да побарам вода.
    -Што пиете?- го прашав.
    -Вода од нашата река, ми одговори.
Моето пријателче беше  добродушно и весело. Се викаше Моцо. Сите жители на планетата имаа имиња што почнуваат на М, исто како нивната татковина. Навистина интересно! Колку ли се тоа имиња!?
Моцо со своето возило на пет тркала ме прошета низ градот. Ми покажа каде живеат, каде учат и каде се забавуваат. Тој не знаеше што е фудбал, ракомет, па јас се понудив да му покажам кога ќе дојде кај мене на гости.
Сѐ беше прекрасно! Сонцето беше во многу бои направено од многу гасови. Нивните научници сами го создале сонцето.
      Моето необично патување мораше да заврши. Се збогував со нив и на ист начин се најдов во мојот дом.Не знаев дали е сон или вистина!?
      Кога се подготвував да легнам, моите пријатели ми испратија ѕвезда за поздрав. Бев пресреќна!
       Со нетрпение го чекам денот кога моите пријатели Макотонци, ќе дојдат во мојата Македонија.
                          Фикрија Лутишоска VI 2
                       ООУ„ Единство“, Октиси, Струга

                         

6. 11. 2014.

Самостојна анализа на песна(композиција)



     Убави зборови
Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака.

Сѐ што е насилно свирепо грубо
нека го носи името- љубов!

Вистина ставаме наместо лага
смеа и веселба наместо тага.

Болката нека е ведрина сега,
а сите војни да станат шега.

Црното нека си остане боја,
но да не тежи во душата твоја.

Солзите-мака в срце што носат
нека се претворат во капки роса.

-Видое Подгорец

За најголемите мали цртачи

  Како се цртаат соѕвездијата?
  - Се цртаат со воздивнување.

- А големите предели
  До кои се патува со недели?
- Се цртаат со сонување.

  Како се цртаат родендените?
-Се цртаат со потпевнување.

  А зорите над изворите?
- Со светлоста на првото раденување.

Но како се црта ветрот кога атакува како воин
-Па бездруго,нешто се црта со молив и бои.

  Тогаш,нацртај ми ветар...

 - Славко Јаневски


Бреза крај потокот
Бранчиња со жубор кроток
ведра песна везат;
Крај растрчан поток
немее саката бреза.

Силата за никој не е мила
Силата за никој не е мила.
над силата исто има сила.

Над ѕверката исто има ѕверка.
Која чека, која мерка.

И над стапот има стап.
Над лутиот уште полут сват.

Над школото има ученик.
Од силниот има посилник.

Жолто жито златен сноп.
И над попот има поп!
-Љубивое Ршумовиќ
                            Анализа на песната „Убави зборови“
Што е стих?
Што е строфа?
Од колку строфи е составена песната?
Колку стихови брои песната?
Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика строфата?
Препиши една строфа во која има два стиха.
Како се вика строфа од два стиха?
Како се вика строфа од четири стиха?
Како се вика строфа од пет стиха?
Како ги разбираш стиховите:

„Ај,да измислуваме убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост наместо мака“

5. 11. 2014.

Вежби-именки

👉 Вежби за глаголски именки
1. Во следниве реченици пронајди ги глаголските именки:
  • Смеењето го продолжува животот.
  • Ученикот го прочита соопштението за утрешната екскурзија.
  • Мама направи вкусно јадење.
2.  Трансформирај ги следниве глаголи во глаголски именки: оди, носи, пее
3.  Напиши три реченици во кои ќе употребиш глаголски именки.


👉 Следната табела пополни ја  според барањата
                                  Радост
     Ајше, Амела,Тамара и Ремзије тргнаа кон училиштето. Во дворот  имаше многу народ. Учениците се насобрале и нестрпливо чекаа да тргнат кон паркираните автобуси. Весело пеење се слушаше од група нивни другарчиња. Радост и возбуда се гледаше на сите лица. Тука се и родителите. Толку свет немало одамна во училишното игралиште.


сопствени
       општи
збирни
глаголска именка



конкретни




апстрактни





 
Прочитај и одговори!

20. 10. 2014.

Есенска слика-лични творби



Есенска слика
Птичји звук нема,
а и последното ливче
од дрвото го снема.

Дожд ситно си врне
не требаат гумени црева
капките ја наводенија
 пожолтената и сува трева.

Ветер силно дува
сонцето за лето се чува,
на езерото рибарот се мачи
и во есен риба да фати.
    Аделина Мавмудоска  7-1 одделение

Есенска слика
Есен мила, есен драга,
прекрасна самовила си ти,
секогаш од твоите амбари
ни подаруваш вкусни плодови.

Пчелички вредни шират крилца
Штурчо за збогум на  веселба свири,
ластовичка, врапче, а и славеј
за разделба  песна  се шири.

Есента со златна кочија дојде.
летото топло од прагот си сјојде.
Килим жолт од најнежна свила,
ни распеа деца есента мила.

Есен мила, есен драга,
прекрасна самовила си ти,
секогаш од твоите амбари
ни подаруваш вкусни плодови.
                Фатима Усоска 7-1 одделение

Есенска слика
Есента е златно време
опсипано со овошје слатко.
Волшебник што внимание ќе ти земе,
но, за жал, трае многу кратко.

Жолто знаме светликаво се вее
секоја птица кон југ што оди, пее.
Опоен мирис до собата стига,
златна прашина од овошјето се дига.

Надвор облак пуштил коси
ќе врне, почна да роси,
Каква е оваа есенска слика!?
Волшебна, од радост блика.
       Тамара Дишлијеска   7-1 одделение

               


Есенска слика
Летото си замина,
есента подготвено намина.
Птици заминале на југ,
се враќаат во домот друг.

По гранките плодот
жолто-златен зрее
и чиниш ќе падне
на ветерот што вее.

Со својата труба силна
ветерот ни свирна,
а облакот  солзи пушти
низ шумата немирно шушти.
                             Ремзије Калчиноска 7-1 одделение

Есенска слика
Есенска песна се слуша
во шумата доаѓа глас
Мојата детска душа
од облакот бара спас.

Реките немирно жуборат
птиците неразбирливо мрморат
Есенска симфонија ќе се свири,
дождлива песна ќе се шири.

Животните засолниште бараат,
со исплашени очички шараат,
да бегам со мојот овошен плен,
невреме ќе има цел ден.
 Давид Ашталкоски    7-2 одделение



Есенска слика
Есента е напишана бајка,
позлатена, прекрасна мајка.

Есента  е разигран ѕвон
волшебен опоен сон.

Есента е самовила мила
во жолта, мека свила.

      Селма Ибушоска 7-2 одделение

Есенска слика
Есенска почна бајка
мирисна, разнобојна мила
благородна наша мајка
облечена во жолта свила.

Костени и ореви се берат
круши, грозје, јаболка има
Полни кошници се мерат
есенска симфонија се снима.

Сликата не е секогаш иста
 облакот солзи знае да рони.
Ветерот шумата ја направи чиста
со своето ѕвонче постојано ѕвони.
     Учениците од 7- 2 одделение.

Есен, златна есен 









13. 10. 2014.

КОНТРОЛНА ЗАДАЧА ЗА АКЦЕНТ И АКЦЕНТСКИ ЦЕЛОСТИ

Контролна задача за акцент и акцентски целости за осмо одделение
                  (прашања од тип 1,тип 2 и тип 3-декларативни и тип 1, тип 2-ментални)

                            Ученик___________________________
    I Акцент
     1.Заокружи!
     Нагласувањето на определен слог во зборот се вика акцент.
                                           Т         Н                                                                1/
     2.Дополни!
    Во македонскиот литературен јазик,кај трисложните и повеќесложните зборови,
  акцентот паѓа_______________ слог од крајот на зборот.                      1/
     3.Со знаците Т= точно и Н= неточно определи кои од следниве зборови се правилно
     акцентирани.
       
         _____ де'н,     _____ у'ченик,           _____ култура',
         _____ јато',    _____  сончо'глед,     _____ жири'
.                                                                                                                         6/   
      4.Акцентирај го зборот скокајќи !
        ______________________________                                                     1/

                                                                                                                             вкупно:9/

    II Акцентска целост
      1.Дополни!
     Акцентска целост имаме кога два или повеќе збора се изговараат
     под ______________ акцент. 
                                                                                                                                           1/
      2.Обележи ги акцентските целости и акцентирај ги!
     
       кисело млеко;   Што го праша?   пет дена;                  дедо ми;

       не дојде;            мој човек;            Кои луѓе ќе одат?   за да оди;

       не му рече;        му ги дале;           дваесет и три;        пишувајќи му.              12/
      3.Поврзи со стрелка образувајќи акцентска целост!

        трета                               грозје
        вујко                                вечер
        суво                                 ми
        триесет                           и пет
        еве                                   ја                                                                                       5/

      4.Напиши три акцентски целости(нови-да не се од прашање 2 и 3)
         и акцентирај ги!
       _________________________________________________________                  3/
                                                                                      
                                                                                                           вкупно:21/




                                                Втора група прашања
         I Акцент
          Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањата!
                                                                Сол и сунѓер
                 Магарето носело вреќа сол.Минувајќи низ реката, се лизнало и паднало во   вода. Штом станало и пошло, сетило дека товарот му е полесен.
                 -Баш е добро-рекло магарето.
          По некое време,магарето пак минувало преку реката.На грб носело голем нарамок сунѓер.Но мислело тоа пак да си го олесни товарот, па летнало во вода.А кога се исправило, тешко се извлекло до брегот.
                                                                                    Лав Толстој

          1.На празните линии препиши пет збора што се составени од три и повеќе слога   и акцентирај ги!

                  ____________________________________________________________         
                                                                                                                                          5/

           2.Во кој збор има отстапување од третосложното акцентирање.Препиши го зборот и акцентирај го!
                  ____________________________________________________________    
                                                                                                                                         2/
           3.Напиши три нови(да не се од текстот) повеќесложни збора и акцентирај ги!
                  ____________________________________________________________
                                                                                                                                         3/
           4.Пронајди две акцентски целости во текстот, препиши ги и акцентирај ги!
                  ____________________________________________________________      
                                                                                                                                         4/
     
            II Прочитај го внимателно текстот и одговори на барањата.
                                                 Чорба за дедо
                                    ...Благојче веднаш дотрча кај  баба си.
                                      - Што ме викаш , бабо?
                                      - Однеси му,чедо, лебец и чорба на дедо ти....
                                                                         Ангел Каралијчев
          1.Во текстот има четири акцентски целости.
           Препиши ги, обележи ги и акцентирај ги!
           _________________________________________________________________
           _________________________________________________________________    
                                                                                                                                       12/

      III.Состави една реченица во која ќе употребиш  една акцентска целост-по
           дадената  слика.
          

                 _______________________________________________________________     
                                                                                                                                       4/

                                                                                                        Вкупно:      30/  

16. 9. 2014.

Вежби за белези на авторска и народна поезија



Наставно ливче за белези на авторска и народна поезија

I Белези на авторска и народна поезија
1.Дополни го одговорот!
Поезијата според создавачот е поделена на ___________и _____________ . 

2.Заокружи ја буквата пр ед точниот одговор!
Каква е следната песна според создавачот?

        Болен Дојчин
...Двори мете лична Анѓелина,
двори мете,ситни солзи рони,
ја догледа брат и Болен Дојчин:
-Зошто,сестро,мила Анѓелино,
двори метеш,ситни солзи рониш?


а)народна песна б)уметничка песна 

3.Одговори на празната линија!

Кои се белезите на песната ,,Болен Дојчин“?
_____________________________ ,___________________________
_____________________________, ___________________________ 

4.Со стрелки поврзи ги белезите со соодветната песна!

анонимен автор
непроменлива содржина                                        народна песна
се создава писмено
колективна творба
променлива содржина
се создава усно                                                           уметничка песна
индивидуална творба
авторот е познат




Ученик________________________________________

                                ВТОРА ВЕЖБА

Наставно ливче: Белези на народна и уметничка поезија

Ученик:______________________________

Ниво 1
1.Поезијата според создавачот е поделена на :
               УМЕТНИЧКА И ______________________
2.Препознај каква е песната и заокружи!
Силата на Марко Крале
Шетба шетат Марко Прилепчанец
шетба шетат земја покраина...
Ми пријавнал коња шареного;
шареного коња,дебелаго...
а)народна песна б)уметничка песна

3.Препознај каква е песната и заокружи!

Без јазик си никој и ништо
Родниот јазик е бисерен ѓердан
од зборови-плодови сочни
мислите тие ги редат
во слики јасни и точни.
-Видое Подгорец

а)народна песна б)уметничка песна
Ниво 2
1.Кои се белезите на народната поезија?
___________________________________________________________________
___________________________________________________________________

2.Кои се белезите на уметничката поезија?
___________________________________________________________________
___________________________________________________________________
Ниво 3
1.Кои се основните елементи на поетскиот јазик?
_____________________________________________________________________

2.Дополни:
Авторската поезија се разликува осд народната според јазикот и ______________ на  песните.

Мислење на наставникот:


17. 3. 2014.

Вежби за броеви-седмо одделение


                                        Вежба за броеви

        За еден месец ќе наполнам дванаесет години. Многу сум возбуден поради мојата роденденска забава. Веќе две-три седмици ја правам листата со гости. Ќе поканам триесетина другари.
Осуммина се од мојата улица, десетина од училиште, а трите другарки од Охрид, со задоволство ќе дојдат.
        Двете мои сестри се задолжени за украсување на собата во која ќе се случува забавата. Ќе биде весело! Дваесетина балони во разни бои ќе ја дополнат атмосферата. Мајка ми ќе приготви вкусна торта. На тортата ќе го има амблемот на мојот омилен фудбалски клуб Јувентус.
Четворица другари навиваат за истиот тим. Седум-осум другари навиваат за Барселона, а тројца за Баерн. И пет-шест девојчиња се големи љубителки на фудбалот.Често, знаеме да дискутираме со жестина бранејќи го својот тим.
Со нетрпение ги бројам деновите до роденденот. Триесет, дваесет и девет, дваесет и осум...

Број
Точна бројност
Приближна бројност
Бројна форма за лица
Определеност