Во изразувањето (писмено и усно) употребуваме исти зборови со различно значење, повеќе зборови за еден поим и зборови со спротивно значење.
- Да ги решиме анаграмите (СО ПРЕМЕСТУВАЊЕ НА СЛОГОВИТЕ ИЛИ БУКВИТЕ СЕ ДОБИВА БАРАНИОТ ПОИМ)
ИХ МОНОМИ⟶ ХОМОНИМИ
ТОНИ МИНА⟶ АНТОНИМИ
Пример:
На небото има виножито.
Ѕуницата се појави по дождот.
Антоними — зборови со спротивно значење.
Пример:
Жешкото лето беше долго, а студената зима кратка.
Хомоними — зборови со иста форма, но со различно значење.
Пример:
Таа има долга коса.
Дедо ја коси ливадата со коса.
Пароними — зборови блиски по изговор, но со различно значење.
Пример:
Тој направи солиден критички осврт на романот.
Столбовите беа критични точки на зградата.
Тој постави метално столпче на оградата.
Во весникот пишуваше за нашето ментално здравје.
Во Индија живеат Индијци, а не Индијанци.
Пронајди ги синонимите, хомонимите, антонимите и паронимите во речениците и напиши ги во табела.
1. Цела ноќ ми мина во бдеење наместо во спиење.
2. Се одржуваше фудбалски куп и се пријавија цел куп клубови.
3. Старицата стоеше, а ученикот седеше без срам.
4. Деноноќно твори и создава поезија за деца.
5. Човеков често користи речници за да пишува убави реченици.
6. Тој е славен пијанист, а таа е прочуена примадона.
7. Таа имаше своја цел и затоа учеше цел ден.
8. Ги прашав зошто не дојдоа зашто сите ги чекавме.
- Да се потсетиме:

- Да го прошириме знаењето
Пароними — зборови блиски по изговор, но со различно значење.
Пример:
Тој направи солиден критички осврт на романот.
Столбовите беа критични точки на зградата.
Тој постави метално столпче на оградата.
Во весникот пишуваше за нашето ментално здравје.
Во Индија живеат Индијци, а не Индијанци.
- Да го примениме знаењето
Пронајди ги синонимите, хомонимите, антонимите и паронимите во речениците и напиши ги во табела.
1. Цела ноќ ми мина во бдеење наместо во спиење.
2. Се одржуваше фудбалски куп и се пријавија цел куп клубови.
3. Старицата стоеше, а ученикот седеше без срам.
4. Деноноќно твори и создава поезија за деца.
5. Човеков често користи речници за да пишува убави реченици.
6. Тој е славен пијанист, а таа е прочуена примадона.
7. Таа имаше своја цел и затоа учеше цел ден.
8. Ги прашав зошто не дојдоа зашто сите ги чекавме.
од учебникот по македонски јазик за шесто одделение |
- Решете ги вежбите на нашата табла
Нема коментара:
Постави коментар