24. 7. 2012.

Сложени глаголски форми

Сложени глаголски форми се:минато неопределено несвршено време,минато неопределено свршено време,предминато време,идно време,минато-идно време,идно прекажано време,можен начин,има-конструкција,сум-конструкција,да-конструкција.
Минато неопределено (несвршено и свршено) време
Означува дејство што се случило во минатото без точно да се определи конкретниот момент на вршење на дејството.
Се образува од помошниот глагол сум во сегашно време и л-формата од  несвршен или свршен глагол.
     сум во сегашно време
еднина                         множина
1л.сум                         1л.сме
2л.си                           2л.сте
3л.е                             3л.се
Пр.
Минато неопределено несвршено време
а-група
 Чита
еднина                                     множина
1л.сум читал                             1л.сме читале
2л.си читал                               2л.сте читале
3л.читал                                    3л.читале
и-група
носи  
еднина                                    множина           
1л.сум носел                            1л.сме носеле
2л.си носел                              2л.сте носеле
3л.носел                                   3л.носеле
е-група
пее
еднина                                    множина
1л.сум пеел                               1л.сме пееле
2л.си пеел                                 2л.сте пееле
3л.пеел                                      3л.пееле
Забелешка:Во трето лице не се употребува помошниот глагол сум
Минато неопределено свршено време
а-група
прочита
еднина                                     множина
1л.сум прочитал                        1л.сме прочитале
2л.си прочитал                          2л.сте прочитале
3л.прочитал                               3л.прочитале
и-група
износи
еднина                                      множина
1л.сум износил                           1л.сме износиле
2л.си износил                             2л.сте износиле
3л.износил                                  3л.износиле
е-група
испее
еднина                                      множина
1л.сум испеал                             1л.сме испеале
2л.си испеал                               2л.сте испеале
3л.испеал                                    3л.испеале

Ќе научиш!:))

Прости глаголски форми;Нелични глаголски форми

Глаголска л-форма
Л-формата има промени само по род(во еднина) и по број.Се образува од глаголот и наставките:-л,-ла,-ло;-ле.
Пр.читал,читала,читало;читале
      носел,носела,носело;носеле
      плетел,плетела,плетело;плетеле
Забелешка:
      стане-станал/станел;падне-паднал/паднел;
Со л-формата се градат неколку сложени глаголски форми:минато неопределено време,предминато време,идно прекажано време и можен начин.
Глаголска придавка
Глаголската придавка има особености и на глаголот и на придавката.Има форми за трите рода,за двата броја и се членува(како придавка).Според значењето и службата е поблиску до глаголот,а некогаш и до придавката.
Пр.Јас бев поканет на роденден.(глаголско значење)
      Таа беше поканета гостинка на роденденот.(придавско значење)
Глаголската придавка се образува од глаголот и  наставките:-н,-на,-но,-ни и -т,-та,-то,-ти.
Пр.:читан,читана,читано;читани;гледан,гледана,гледано;гледани;
Со наставката-т се образуваат глаголски придавки од глаголите со општ дел на н(викне-викнат,викната,викнато,викнати).
Глаголски прилог
Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со наставката -јќи.
Пр.читајќи,плетејќи,пеејќи,играјќи,скокајќи.
Глаголскиот прилог искажува паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма.
Читајќи ја комедијата ,,Чорбаџи Теодос“,се потсетив на драматизацијата  во училиште.
Играјќи игри на компјутер ми заѕвони мобилниот телефон.
Глаголска именка
Глаголската именка се образува од несвршени глаголи со наставката -ње.
Пр.:гледање,одење,пиење,слушање,скокање,носење,читање,плетење и др.
Глаголската именка е во среден род ,а има еднина и множина,се членува(како именката).
Се изведува од глаголска основа  и искажува дејство во траење.

Не е тешко!:))
          

19. 7. 2012.

Прости глаголски форми - заповеден начин


Заповеден начин

💬Проста глаголска форма со која лицето што зборува искажува заповед.
👉Форми за заповеден начин има само во второ лице еднина и множина и со нив се искажува директна заповед.
Во трето лице еднина и множина има конструкции со честичките да и нека и формите за сегашно време (да чита, нека чита, да читаат, нека читаат) и имаат значење на индиректна заповед.
Во прво лице множина има повик за заедничко вршење на дејство и тоа не се заповедни форми (да одиме)
Наставки за заповеден начин се:
  еднина             множина
1л. /                     1л. /
2л. -ј                    2л. -јте
3л. /                     3л. /
Овие наставки се додаваат на општиот дел на глаголот и тоа кај глаголите од а-група, од е-група чиј општ дел завршува на самогласка (читај - читајте, пиј - пијте).
еднина              множина
1л. /                    1л. /
2л. -и                 2л. -ете
3л. /                    3л. /
овие наставки се додаваат на општиот дел на глаголот и тоа кај глаголите од и-група чиј општ дел завршува на согласка: носи - носете, мисли - мислете.
Одречни форми на заповедниот начин се  образуваат со додавање не пред глаголот (не читај, не
носи) или со немој и да -конструкција: немој да читаш, немојте да читате.
Од некои глаголи не се образува заповеден начин: може, треба и сл.

Примери:
чита
еднина              множина
1л. /                     1л. /
2л. читај             2л. читајте
3л. /                     3л. /
пие
еднина               множина
1л. /                      1л. /
2л. пиј                  2л. пијте
3л. /                      3л. /
носи
еднина               множина
1л. /                      1л. /
2л. носи               2л. носете
3л. /                      3л. /
плете
еднина                множина
1л. /                      1л. /
2л.плети             2л.плетете
3л. /                      3л ./

18. 7. 2012.

Класификација на глаголите


Глаголот има три составни  делови:општ дел,основен вокал и наставка.
Пр.:читаш(чита/а/ш)
Глаголите се делат на три големи групи:а-група(скока,пишува),и-група(носи,брои),е-група(плете,везе).
Поделбата е направена според завршоците на глаголот во трето лице еднина на сегашно време.
Врз основа на основниот вокал во прво лице еднина на минато определено свршено време,глаголите се делат на раздели или подрупи.
Кај глаголите од а-група нема раздели.
Кај глаголите од и-група се изделуваат три раздели:
и-раздел(прати-прат-и-в),
е-раздел(оздрави-оздрав-е-в) и
а-раздел(издржи-издрж-а-в).
Глаголите од е-група се јавуваат во четири раздели:
а-раздел(стане-стан-а-в),
е-раздел(запре-запр-е-в),
о-раздел(дојде-дојд-о-в) и
раздел без основен вокал(чуе-чу-/-в).


14. 7. 2012.

Годишен глобален план по македонски јазик за шесто одделение(осумгодишно)

Powered by Issuu
Publish for Free

Годишен глобален план по македонски јазик за седмо одделение


Powered by Issuu
Publish for Free

10. 7. 2012.

Глаголи

                         
Девојчето чита книга.

Глаголите  се зборови кои означуваат дејство или состојба.
Според морфолошката класификација, тие се менливи зборови, а според синтаксичката класификација на зборовите, глаголите се полнозначни зборови.
💬Граматички категории на глаголот
1. Време
Со оваа категорија се определува времето кога се врши дејството.
Времето се определува според моментот на соопштувањето, а тоа е сегашниот момент.
Основни глаголски времиња се:
-сегашно време (дејството се случува во моментот на зборувањето)
Пр.Јас играм со топка.
-минато време (дејството се случува пред моментот на зборувањето)
Пр.Јас играв со топка.
-идно време (дејството ќе се случува по моментот на зборувањето)
Пр.Јас ќе играм со топка.
Македонскиот јазик има многу времиња: сегашно, минато определено свршено, минато определено несвршено, минато неопределено свршено време, минато неопределено несвршено време, предминато, идно, минато-идно и идно прекажано време.
2.Начин
Начинот го означува ставот на говорителот кон дејството.
-исказен начин (дејството е во вид на исказ, соопштение)
Пр. Тој чита добро.
-заповеден начин (дејството е во вид на заповед)
Пр.Читај добро, те молам!
-можен начин (дејството е во вид на можност да се изврши)
Пр.Би читал добро, ако вежбаше дома.
3.Лице и број
Со оваа категорија се искажува односот на учесниците во општењето.
Глаголите имаат три лица и два броја: прво, второ и трето лице во еднина и множина.
еднина
1.лице(јас) играм --------- е лицето кое зборува(говорителот)
2.лице(ти)играш ---------- е лицето со кое зборува говорителот
3.лице(тој, таа, тоа)игра---- е лицето за кое зборува говорителот
множина
1.лице(ние)играме---------говорителот е во групата која врши дејство
2.лице(вие)играте----------говорителот ѝ припишува дејство на групата
3.лице (тие)играат---------гобворителот припишува дејство, но е надвор од дејството
Забелешка: Кај личните заменки лицето се искажува со зборови (јас, ти, тој...), а кај глаголите со наставки (-м,-ш...).
Глаголските форми кои имаат промени по лице се викаат лични глаголски форми (оди, пие, чита).
Глаголските форми кои не разликуваат лице се викаат нелични глаголски форми (одејќи, одење, оден).
Глаголските форми кои имаат само трето лице, а не го означуваат подметот се викаат безлични глаголски форми (грми, сека, зароси).
4.Вид
Видот го означува траењето на дејството или состојбата кои се означени со глаголот.
Во македонскиот јазик, глаголите се делат на свршени и несвршени.
Несвршените глаголи го означуваат дејството во процес, во одвивање, траење
(чита, игра, гледа, купува, пишува, работи).
Подгрупа на  несвршените глаголи се повторливите глаголи (прелистува,
потскокнува,тропнува). Повторливите глаголи означуваат дејство во траење што се одвива со прекини.
Свршените означуваат дејство во неговата заокруженост (прочита, купи, напише, падне).
Кај одредени глаголи видот може да се определи во реченицата, со контекстот. Тие глаголи се во помал број и се наречни двовидски глаголи (вечера, руча, информира, телефонира).
5.Преодност
Глаголите кои бараат предмет до нив т.е. се поврзуваат со предмет, се викаат преодни глаголи.
Глаголите кои не се поврзуваат со предмет се викаат непреодни.
Пример за преодни глаголи: Тој носи книга. (Што носи?)
Пример за непреодни глаголи: Јас одам по патот.
Повратни глаголи-дејството преоѓа врз лицето што ја врши работата, но не секогаш.  Повратни се сите глаголи со кратката заменска форма од  повратната заменка себе,се.
Пр. се радува, се мие, се облекува и др.
6.Залог
Со залогот се означува односот на граматичкиот подмет кон дејството.
Актив (подмет е лицето што го врши дејството)
Пр.:Мире пишува писмо. (Мире е подмет.)
Пасив(подметот не е вршител на дејството, туку предметот или лицето врз кое се врши дејството станува граматички подмет)
Пр.:Писмото беше пишувано од Мире.(Писмото е подмет.)