ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти, Охрид, Македонија и ОУ „Владислав Петковиќ - Дис“, с. Заблаќе, Чачак од Србија успешно го завршија процесот на збратимување, создавајќи нови можности за размена на знаења, искуства и културни вредности.
Учениците имаа можност да се дружат и да учествуваат во едукативни работилници на кои покажаа исклучително знаење. Се надеваме дека тие ќе ги инспирираат за понатамошни
успеси.
Срдечна благодарност испраќаме до родителите, наставниците, учениците
и сите кои, директно или индиректно, учествуваа и помогнаа во
збратимувањето.
Со нетрпение ги очекуваме идните заеднички проекти и активности кои ќе продолжат да ги зближуваат двете училишта.
👇Погледнете низ слики како се одвиваа сите активности и срдечното дружење.
Нема коментара:
Постави коментар