Громовитиот бој: како богот Перун го победи богот Велес
Перун |
👇Поврзете ги паровите!👇
Во словенската митологија, светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото-земјата, а корењата се подземниот свет. Перун е владетел на светот и седел на врвот, а на десното рамо имал орел. Во корењата живеел Велес кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун, му завидувал и љубоморел бидејќи владеел со небото и земјата, а тој бил во подземниот свет. Дошол во горниот свет во форма на змија и ја грабнал саканата на Перун, убавата Перперуна. Перун се разлутил и гневен на Велес стрелал со молњи во обид да го совлада. Велес исплашено бегал, се криел зад карпа, дрвја, меѓу луѓе, а Перун жестоко го удирал со вжештени стрели и со неговата волшебна најгромовита секира. Перун го совладал Велес кој морал да се врати длабоко во подземниот свет. Перун-Велес е една вечна спротиставеност меѓу небото и земјата, огнот и водата.
Да ја составиме сложувалката и да го прераскажеме митот!👇
Вежба💬
Еден ученик започнува со една реченица. Пример: Перун бил врховен владетел на светот.
Продолжува друг ученик ... Пример: Тој владеел со... и така до крај на митот.
Прераскажуваме, правилно се изразуваме, се забавуваме... учиме!
Нема коментара:
Постави коментар