Страници

20. 1. 2021.

Честички

 

                              


    Честички се неменливи зборови кои го истакнуваат значењето на другите зборови во реченицата (го засилуваат или менуваат нивното значење) или значењето на целата реченица. Некои честички служат за образување глаголски форми и за степенување на описните придавки.

Примери за честички според нивната намена се следните:

  1.  со засилувачко значење: де, бе, ма, барем, пак, меѓутоа, просто;
  2.  за потвдување: да;
  3.  за негирање: не, ни, ниту; 
  4.  со прашално значење: зар. ли, дали;
  5.  за изделување: само, единствено;
  6.  со количествено значење: точно, токму, скоро, речиси, рамно, едвај;
  7.  со начинско: би, да, нека, ќе;
  8.  со придружно/ присоединување: исто така, уште, притоа;
  9.  за компарација: по-, нај- (се пишуваат заедно со зборот);
  10.  со определено значење: имено, токму, баш;
  11.  со неопределено значење: -било, -годе;
  12.  со показно значење: ете, еве, ене.
Примери:

  • Баш тоа сакав да го кажам.“ - определеност
  • Само него го познава.“ - изделување
  • „Петре исто така не беше дојден.“ - присоединување
  • „За еден месец продале едвај сто тони никел.“ - количество
  • Ете ти ги гостите.“-посочување
  • Ни јале, ни пиле.“ - негација
ВЕЖБИ  👇Ги бараме честичките!

1. 
   Во мојата соба влезе татко ми и викна:
- Ја напиша ли домашната задача?
- Да, ја напишав - одговорив тивко.
Откако ја разгледа тетратката, тој рече:
- Ете, само ти можеш да видиш вака неуреден! Токму така и си мислев. Одвај се разбира напишаново.

2. 
   а) Денес попладне ќе одам кај баба ми.
   б) Ние би сакале и вие да дојдете кај нас.
   в) Речи му нека биде повнимателен на часовите.



*Користена литература: Македонски јазик за средното образование од  Стојка Бојковска, Лилјана Минова- Ѓуркова, Димитар Пандев и Живко Цветкоски; Википедија и Македонски јазик  за деветто одделение од Снежана Велкова и Соња Јовановска

Нема коментара:

Постави коментар