- Литературно-научни видови се оние што содржат испреплетени белези на научниот и уметничкиот стил. Иако имаат научни аргументи овие текстови содржат многу индивидуални и емоционално обоени делови.
- Во литературно-научни видови спаѓаат: есејот, статијата, расправата, студијата, полемиката, биографијата и автобиографијата.
- Автобиографијата е литературно-научен вид творба во која авторот го раскажува својот живот, сопствените доживувања, а ги изнесува и условите во кои живее и работи.
- Научен вид е поради тоа што се темели на точни податоци, а уметнички е зашто авторот опишува сликовито, опширно и ги изнесува сопствените чувства.
- Биографија е литературно-научен вид кој обединува книжевно-историски и уметнички елементи. Се пишува врз основа на веродостојни документи за животот и работата на некоја истакната личност (писател, научник, спортист...).
- Прочитај го следниов текст:
Примени го знаењето!
1. Истражувај за животот и делото на Константин Миладинов, а потоа изработи плакат или постер во програма по избор ( MS Publisher, Word, Paint и др.).
2. На следниот линк погледнете како тоа го направија вашите другари, осмоодделенци за автобиографија ПОСТЕР
Нема коментара:
Постави коментар