Страници

16. 3. 2020.

Допусни зависносложени реченици


Со допусната дел-реченица се допушта одвивањето на дејството во главната реченица.
Пример: Иако  дадоа забрана за излегување , тој излезе надвор.
               И да не ме поканат, јас ќе одам на роденденот.
Подвлечената реченица во примерите е допусна дел-реченица, а другата главна.
Сврзници: Иако, макар што, и покрај тоа што,  без оглед на тоа што, при сè што, и да/ако(се јавуваат и сите неопределени заменски зборови)
Пример: Кој и да ме покани, јас нема да одам.
                Што и да ми каже, јас не му верувам.
                Колку и да ме моли, не одам.

Допусните зависносложени реченици се поврзани со условните зависносложени реченици  и со спротивните независносложени реченици. Со условните се поврзани на тој начин што зависната дел-реченица дава некој услов кој може да се исполни, или да не се знае дали ќе се исполни или не.
Со спротивните реченици ги поврзува тоа што во главната се дава последица што е спротивна на дадениот услов во зависната дел-реченица.
пример: Иако го поканивме, тој не дојде. (се очекува да дојде, но се случило спротивното)

Други примери за допусни зависносложени реченици:

1. Иако беше изморен, играше со децата во дворот. 
2. И покрај тоа што сум зафатен, ќе дојдам кај тебе. 
3. Беше одличен ученик, макар што ретко ќе го видев во библиотеката. 
4. И да ти зборуваат лошо за мене, јас ќе ти верувам тебе. 
5.  Без оглед на тоа што читаше внимателно, Марија не рзбра ништо. 

Правописно правило: во инверзија се одделуваат со запирка, а во нормален ред може, а и не мора.

 Забелешка: При разработката на содржината го користев следниот учебник: Македонски јазик за средното образование од Стојка Бојковска, Лилјана Минова-Ѓуркова, Димитар Пандев и Живко Цветковски

                                         Вежби за допусни зависносложени реченици 

1. Дополни со допусна зависна дел-реченица ( употребувај различни сврзници):
а) _______________________________, ќе стигне навреме.
б) Тој ќе се јави ___________________________________ .
в) _________________________, ќе одиме на излет.

2. Подвлечи ја допусната дел-реченица: 
а) Иако не му помогна на брат ти, ќе одиш на игралиштето.
б) И покрај тоа што учев, не се подготвив доволно.
в)Дури и да завршам со обврските, нема да играм игри на компјутерот.
г) И да знаев за проблемот, немаше да ти кажам.

3. Трансформирај ги следниве спротивни независносложени реченици во допусни зависносложени реченици:
а) Тој сака да ме насмее, ама ме расплакува.
_______________________________________________________________________ 
б) Луѓето седат дома, но редовно ги следат најновите информации за вирусот.
_______________________________________________________________________ 
в) Брат ми го скрши филџанот, но помина лесно.
 ______________________________________________________________________ 

4. Состави четири допусни реченици ( употребувај различни сврзници):
_______________________________________________________________________ 
_______________________________________________________________________ 
_______________________________________________________________________ 
_______________________________________________________________________

Нема коментара:

Постави коментар