Страници

9. 12. 2019.

Фантастични раскази- најнови творби

                                               

                                    Средба со суштество од друга планета
           Со моите другарчиња седевме во паркот. Весело разговаравме, игравме разни игри и се насладувавме од прекрасната природа околу нас.
          Во еден момент нешто почна да светка и силно да бучи. Ние се исплашивме и почнавме панично да бегаме. Некој чуден глас ни се обрати:
          一 Не бегајте, дечиња, јас не сум лош, дојдов да си играм со вас!
Ние полека се вративме назад и заинтересирано го погледнавме необичното суштество. Зелени очи што светкаат, црвено одело, весела насмевка и големи чизми стоеја пред нас. Тоа суштество беше мирољубиво и другарски се однесуваше кон нас. Љубезно го поканивме да игра со нас. Смеа ечеше наоколу бидејќи Бобо, така се викаше, не знаеше што е топка, никогаш не видел јаже за скокање, а за фудбал ништо не знаеше. Го научивме да игра фудбал, а тој ни вети дека и на неговата планета ќе ги пренесе фудбалските правила.
         Кога се приближуваше ноќта, Бобо со своето летало си замина, со ветување дека повторно ќе нè посети.Навистина, ова беше една чудна и необична авантура.
                                                 - Мелиса Лутишоска

                                       
                             Средба со суштество од друга планета
         Утрото се измив, појадував и излегов надвор. Со моите другарки отидовме до блиската шума  да се прошетаме. Наоколу беше волшебно, зелено, миризливо, а црцорот на птиците одѕвонуваше низ гранките на дрвјата.
         Силен звук ја прекина шумската идила... трас... се слушна од далечината. Истрчавме и од необичната сина светлина излезе едно чудно суштество. Со голема глава, четири очи, шест раце и тежок од, полека ни се приближи. Исплашено го погледнавме, вознемирени од неговата појава. Со една од неговите раце ни даде знак да не се плашиме. Ние му се приближивме, а тоа ни се обрати на македонски јазик.
     一 Стиснав на копчето за преведување и можам да разговарам со вас. Јас сум од друга планета, се викам Зозо и сакам да се дружам со вас.
Се опуштивме и како добри домаќини разговаравме со него, му раскажавме за нашата планета, за нашето село и нашето училиште. Му дадовме од нашата храна, а посебно му се допадна јаболкото. Зозо беше многу весел и духовит и неговата смеа силно одѕвонуваше. Нè покани на неговата планета, а ние прифативме.
        Од неговото летало се слушна аларм, Зозо мораше да си оди. Се поздравивме со желба повторно да се видиме.
                                              - Мелвина Усоска
                                       
                            Средба со суштество од друга планета
           Еден сончев летен ден, шетав низ паркот и ѝ се восхитував на природата. Со занесен поглед во далечините не можев да поверувам  на она што го видов. Кон мене доаѓаше еден вселенски брод.
           Колку необично! Во бродот имаше две зелени суштества. Тие слетаа во паркот и излегоа на патеката. Тие се поздравија со мене и ми кажаа дека се близнаци. Едниот се викаше Макс, а другиот Накс. Јас им кажав дека се викам Елхана и ги прашав зошто се на Земјата. Макс и Накс биле многу осамени и дошле по другарче кое ќе живее со нив, на нивната планета.  Се замислив и им кажав дека не можам да одам со нив бидејќи моите родители ќе се грижат, но дека би било одлично кога тие би останале кај мене неколку дена.
        Авантурата започна. Јас ги одведов кај мене дома каде престојуваа неколку дена. Деновите ни минуваа многу брзо. Одевме на плажа, јадевме сладолед, шетавме низ градот и игравме разни игри.
       Брзо дојде денот за назад. Срдечно се поздравивме, па тие летнаа со вселенскиот брод. Јас засекогаш ќе ги паметам овие денови и знам дека нашите патишта повторно ќе се сретнат.
                                      -Елхана Цаноска
                                               

                               Посета на непозната планета
          Едно утро се разбудив на една непозната планета. Зачудена ја разгледував Чоколадната планета. Шетајќи по неа запознав ново другарче кое се викаше Рахил. Изгледаше чудно и страшно, па јас се исплашив. Си мислев  ако го поздравам  да не ме нападне.
         Тој не беше лош, напротив беше мирољубив и ме покани во неговиот дом. Во неговиот дом имаше чоколадни столчиња, маса од горен шеќер, а завесите беа од шеќерна волна. Навистина сè изгледаше вкусно на Чоколадната планета. Рахил ми даде многу бонбони, чоколади, вкусни колачиња и ме испрати на мојата планета.
       Следната средба ја закажавме на планетата Земја за Нова година.
                                      - Анифа Руфатоска
                                           
Мистер Карпуз
                         Мистер Карпуз
          Еден ден, некој тропна на мојата врата. Кога ја отворив, видов вонземјанин со тело на човек и карпуз за глава. Ми кажа дека се вика Мистер Карпуз и дека доаѓа од планетата Карпузија.
        Тој ме зеде на неговиот вселенски брод и тргнавме во необични авантури. Ја прелетавме целата негова планета и ги видов сите куќарки од карпуз. Навистина, изгледаа слатко!
        Јас и Мистер Карпуз се вративме секој на својата планета и станавме најдобри другари.
                                      -Раим Имероски
                                                   
                    Средба со суштество од друга планета
            Надвор беше пролет. Седев во дворот и уживав во пролетниот мирис.
Во дворот слета едно вселенско летало. Од него слезе едно необично девојче.
            ー Здраво, јас сум Ева и доаѓам од  Шеќерната  плантета! Дојдов да запознам нови другарчиња.
          Ева дојде со мене и јас ја одведов на игралиштето и гледавме како децата играат фудбал.
Потоа ја однесов кај мене дома, ја почестив со колачиња и овошен сок. Ева беше многу среќна и ми подари шеќерно фустанче. Вечерта таа си отиде на нејзината планета, а јас му се восхитував на волшебниот подарок.
                                       - Имијанка Бајрамоска
                                                             

                                     Средба со суштество од друга планета
           Често сонував да имам средба со суштество од друга планета.
           Беше недела навечер и капките дожд удираа на прозорецот. Ја тргнав завесата и погледнав надвор. Небото беше тмурно, ветерот тивко пееше, а лисјата на дрвјата трепереа. Кога погледнав кон дворот, ме заслепе силна и необична светлина. Ги облеков моите гумени чизми и истрчав во дворот за да видам што се случува.
         Необична слика стоеше пред мене. Летачка чинија слета во нашиот двор. Голема и бела, а од отворената врата излегоа необични суштества со зелени уши, розов нос и долги сини нокти.
Во еден момент се исплашив и посакав да се вратам назад, но предизвикот ме влечеше да останам. Суштествата беа мирољубиви и ме поканија да прочетам со нив.
         Неверојатно доживување пред мене.  Со леталото ја свртевме целата планета од север до југ, од исток до запад. видов ѕвезди, други вселенски летала, сретнав необични суштества за кои никогаш не сум знаела дека постојат. Моите нови другари беа прекрасни и паметни. ме вратија дома и ми ветија дека некој ден ќе ме однесат на нивната планета.
                                           - Адиса Лутишоска
                                   

Нема коментара:

Постави коментар