Страници

22. 12. 2014.

Лична творба - Запознав ново другарче

                                                  Запознав ново другарче

     Во домот на уметноста се подготвуваше детски балетски спектакл.Редицата пред влезот се зголемуваше, а различни зуења го сечеа ветрот.Големата врата обоена во темноцрвена боја се отвори. Сите се упатија кон влезот од кој се разгрануваа повеќе врати. Јас збунето се упатив кон една од нив.
    Од сцената блескаше совршенство од бои.Го зазедов моето место и претставата полека почнуваше. Во истиот миг до мене седна и едно девојче кое изгледаше како да е на моја возраст. Нејзината бујна костенлива коса нежно се спушташе на жолтото џемперче. Колку што можев да забележам од слабото светло, таа имаше бледникаво лице, украсено со издолжено носе и малечки усни. Си разменивме неколку насмевки. Морам да признам, нејзините бели заби ја правеа неодолива нејзината насмевка.
  Претставата почна, но не беше балет, туку на сцената излезе висока, крупна госпоѓа која пееше опера. Девојчето ме погледна и во ист момент  ги прекривме нашите усни за да не гргнеме во силна смеа. Се работеше за грешка. И двете сме ја згрешиле вратата.
   Дорис беше прекрасна личност. Ние двете станавме многу блиски. Цел летен распуст им се радувавме на сончевите зраци и на нежната синевина на езерото. Ние за себе откривме многу сличности што беше уште поголема причина нашето запознавање да прерасне во трајно пријателство.
  -  Ех, Дорис, толку ме засмеваш, ти мое будалесто пријателче!
                                     - Тамара Дишлијеска VII 1 одд.


Овој расказ  ја доби третата награда на Меѓународниот литературен фестивал „Војислав Деспотов“ во Нови Сад. Честитки за Тамара! Нека се множат успеси!

1 коментар: