Убави зборови
Ај,да измислуваме
убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост
наместо мака.
Сѐ што е насилно
свирепо грубо
нека го носи името-
љубов!
Вистина ставаме
наместо лага
смеа и веселба
наместо тага.
Болката нека е
ведрина сега,
а сите војни да
станат шега.
Црното нека си
остане боја,
но да не тежи во
душата твоја.
Солзите-мака в
срце што носат
нека се претворат
во капки роса.
-Видое
Подгорец
За најголемите мали
цртачи
Како се цртаат
соѕвездијата?
- Се цртаат со
воздивнување.
- А големите предели
До кои се патува со
недели?
- Се цртаат со
сонување.
Како се цртаат
родендените?
-Се цртаат со
потпевнување.
А зорите над
изворите?
- Со светлоста
на првото раденување.
Но како се црта
ветрот кога атакува како воин
-Па бездруго,нешто
се црта со молив и бои.
Тогаш,нацртај ми
ветар...
- Славко
Јаневски
Бреза крај
потокот
Бранчиња со
жубор кроток
ведра песна
везат;
Крај растрчан
поток
немее саката
бреза.
Силата за никој не е мила
Силата за
никој не е мила.
над силата
исто има сила.
Над ѕверката
исто има ѕверка.
Која чека, која мерка.
И над стапот
има стап.
Над лутиот
уште полут сват.
Над школото
има ученик.
Од силниот
има посилник.
Жолто жито
златен сноп.
И над попот
има поп!
-Љубивое
Ршумовиќ
Анализа на песната „Убави зборови“
Што е стих?
|
|
Што е строфа?
|
|
Од колку строфи е составена песната?
|
|
Колку стихови брои песната?
|
|
Од колку стиха е составена првата строфа и како се вика
строфата?
|
|
Препиши една строфа во која има два стиха.
Како се вика строфа од два стиха?
|
|
Како се вика строфа од четири стиха?
|
|
Како се вика строфа од пет стиха? | |
Како ги разбираш стиховите:
„Ај,да измислуваме
убави зборови!
Еве,вака:
Да биде радост
наместо мака“
|
Нема коментара:
Постави коментар