Средба со суштество од друга планета
Денот ми започна многу убаво.Ме разбуди прекрасното црцорење на птиците.Ме очекуваше убав и возбудлив пролетен ден.
Јас и моите другарки седевме во градината и разгледувавме списанија за вселената и другите планети. Со возбуда зборувавме за можноста околу нас да има и други суштества и различни светови. И, како некој да не слушнал!? Силна необична светлина ни го одзеде вниманието пропратена со силен тресок.Веднаш истрчавме да видиме што се случува. Неверојатно!Пред нас стоеше еден чуден објект. Всушност пред нас стоеше вселенски брод, ист како во списанието што го разгледувавме.
Едно чудесно зелено суштество, со необично големи уши и сини очи излезе од бродот и тргна кон нас. Бевме преплашени, не знаевме што да направиме и стаписано стоевме пред непознатиот гостин.Додека збунето го гледавме, тој разбирливо ни се претстави и рече дека се вика Мегасис и дека доаѓа од планетата Инспајран.
Мегасис беше многу тажен бидејќи неговата планета се наоѓала во голема опасност.
- Прстените со натприродна моќ се изгубени на Земјата и од вас барам помош, очајно ни се обрати.
- Ве молам, морам да ги пронајдам! Мојот живот и опстанокот на планетата е загрозен! - со плачлив глас ни зборуваше.
Необичните прстени ќе ја спаселе неговата планета и таа нема да биде уништена.Радарите на Инспaјран го детектирале местото каде се наоѓаат прстените, а Мегасис, најхрабриот на планетата е испратен во потрага.
Ние воопшто не размислувавме, веднаш ја започнавме потрагата. Неколку часа траеше пребарувањето на теренот за на крај среќно да воскликнеме затоа што прстените се најдоа.Беше убаво да се види среќното лице на Мегасис.Тој беше бескрајно благодарен, брзо замина бидејќи Инспајран требаше да се спаси од уништување.
Возбудлива беше авантурата за спасување на планетата. Се чувствувавме горди што помогнавме и што го спречивме уништувањето. Нашиот нов пријател, Мегасис, ќе нѐ чека за нови возбудливи доживувања.
Ајше Лутишоска VI 2 одд.
ООУ„ Единство“, Октиси, Струга
Посета на друга планета
Се враќав од училиште. Отсекогаш сонував да се најдам на некоја друга планета. Сакам да истражувам и да видам што има таму, како се живее, јаде, учи. Во размислувањето ме прекина необичниот звук како тресок и силната светлина што ме обвитка од сите страни. За момент сѐ исчезна, и без да размислувам за времето, се најдов во некоја друга галаксија.
-Неверојатно! Јас дишам без проблем!- си помислив.
На еден вселенски знак пишуваше: Макотан, галаксија Молериум, дваесет светлосни години.Се најдов покрај една река.Наоколу имаше чудна портокалова трева и многу високи дрвја со необични гранки налик на пиперки. Зачудено зјапав околу мене. Покрај реката забележав едно суштество налик на дете, со големи очи и сина коса.Храбро му се приближив и решив да поразговарам со него. Не се исплаши кога ме виде туку како да ме познава долго време пријателски ми се обрати:
- Гладна си? Да ти скинам од нашето овошје?
Ме збуни, се замислив, ама гладта беше посилна од сѐ. Зедов од понуденото овошје и слатко загризав. Беше превкусно! Никогаш немав пробано таква храна. Слаткото овошје ме натера да побарам вода.
-Што пиете?- го прашав.
-Вода од нашата река, ми одговори.
Моето пријателче беше добродушно и весело. Се викаше Моцо. Сите жители на планетата имаа имиња што почнуваат на М, исто како нивната татковина. Навистина интересно! Колку ли се тоа имиња!?
Моцо со своето возило на пет тркала ме прошета низ градот. Ми покажа каде живеат, каде учат и каде се забавуваат. Тој не знаеше што е фудбал, ракомет, па јас се понудив да му покажам кога ќе дојде кај мене на гости.
Сѐ беше прекрасно! Сонцето беше во многу бои направено од многу гасови. Нивните научници сами го создале сонцето.
Моето необично патување мораше да заврши. Се збогував со нив и на ист начин се најдов во мојот дом.Не знаев дали е сон или вистина!?
Кога се подготвував да легнам, моите пријатели ми испратија ѕвезда за поздрав. Бев пресреќна!
Со нетрпение го чекам денот кога моите пријатели Макотонци, ќе дојдат во мојата Македонија.
Фикрија Лутишоска VI 2
ООУ„ Единство“, Октиси, Струга