Страници

9. 11. 2013.

Расказ

                                          Еден голем ум и едно малечко срце

     Живеел некогаш на светот еден висок сув старец, со остар долг нос и ретка брада. Се викал Ем Икс. Но, и покрај тоа што бил многу несимпатичен, никој никогаш не се осмелувал да му рече право в лице:
     -Вие, господине, сте многу непријатен.
     Луѓето сретнувајќи го на улица, ги наведнувале главите и го поздравувале:
     -Добар ден!
     И сето тоа поради тоа што Икс бил позната личност и важен научник. Ем Икс работел на една необична машина што тој ја викал „Голем ум“. Тој мечтаел со нејзина помош да стане господар на светот. Имал желба неговата машина да има совршен механички мозок и да создаде оружје со страшна  моќ за уништување. Кога Ем Икс би имал такво оружје, тој би станал најсилен и најстрашен човек на земјата. Секое утро Ем Икс одел во својата лабораторија, каде што го чекал помошникот Луиџи. Ем Икс ги заклучувал сите врати и се зафаќал за работа.
Неговиот помошник, малечок и дебел, бил добар и умен човек, многу верен и доверлив.Тој му верувал на Ем Икс кога велел дека прави машина што ќе му биде од полза на сето човештво.Таа ќе им помогне на децата да ги учат своите уроци, ќе им ги решава на научниците тешките задачи. Луиџи од се` срце се залагал и му помагал на Ем Икс, трудејќи се секогаш навреме да си ги свршува работите. Но, Ем Икс бил вечно незадоволен од него и постојано го карал. Ем Икс имал многу лош карактер и воопшто на ги сакал луѓето.
   -Глупак!-му велел тој на Луиџи.
А Луиџи молчел, зашто не му доликувало на еден обичен помошник да се спротиставува на еден познат научник.
   - Ти ништо не умееш да работиш!-му викал Ем Икс.
   Луиџи повторно молчел. Но, во себеси  се смешкал. Научникот се лажел за своите оценки. Луиџи, бил убеден дека исто така умее да создаде нешто и мислел дека Ем Икс ќе го пофали за неговата работа.
    Секое утро Луиџи доаѓал во лабораторијата еден час порано и ја доведувал во ред пред да дојде Ем Икс. А кога ќе ја свршел оваа работа, тој се вовлекувал внатре во машината, меѓу сложените механизми, огромните тркала, меѓу испреплетените електрични кабли и се зафаќал за својата тајна работа.
    Најпосле дојде денот кога Ем Икс објавил дека машината е речиси готова и дека треба само да се испита.Тој се доближил до големиот пулт за управување, притиснал некакви копчиња,повлекол неколку рачки и свечено изјавил:
   -Сега машината го разурнува градот Н.
   -Што, разурнува!?-зачудено извикал Луиџи.
   -До темели, -одговорил Ем Икс.- Јас издадов наредба и „Големиот ум“ нема да остави камен во тој град.
   Потоа, како да направил којзнае какво дело, Ем Икс спокојно почнал да очекува вести. А Луиџи горчливо заплакал.
   По дваесетина минути Ем Икс се доближил до радиото и го вклучил.
   -Внимание, внимание!-се разнел глас од радиото. -Во Н. се случува нешто чудно. Над градот одненадеж се појавија илјадници балони.Секој балон носи врзана голема убава торба. Во целиот град од чешмите наместо вода, тече убаво слатко вино! Овој необичен настан научниците се` уште не се во состојба да го објаснат...
    Потоа Ем Икс не сакал да слуша.Тој потрчал кон „Големиот ум“ и се нафрли кон него со крескав, лут глас:
    -Глупак, ти требаше да го разурнеш Н. Требаше да го избришеш од лицето на Земјата. Ти ништо не разбра! Ти не си голем, туку жален и ништожен ум! Секој мајмун, секоја кокошка, па дури и секој полжав е поумен од тебе.Ти...
   Но „Големиот ум“ се покажал како машина што не може да поднесува такви навреди.Тој  оптегнал една од своите железни раце, го зграпчил научникот и го исфрлил низ прозорецот толку далеку, што од тоа време никој никогаш ниту слушнал, ниту го видел Ем Икс.
   А, Луиџи станал познат научник и „Големиот ум“ го слушал само него. Заслуга на Луиџи било и тоа што градот Н. се спасил од пропаст. Кога Луиџи доаѓал еден час порано од Ем Икс, во утробата на големата машина правел малечко метално срце, метално, но благородно, кое работело како вистинско. Луиџи мислел на добри дела и неговите изуми му служеле на човештвото. Секогаш луѓето, кога ќе виделе, велеле:
   Еве го, иде нашиот добар  научник!
   Тој пронашол уште многу чудесни машини. И никој во негово присуство не смеел да зборува за уривање и убиство. Сите знаеле, ако се појави таков човек, дека со него ќе се случи истото што се случило со Ем Икс.
    Ете, тоа е историјата на „Големиот ум“ и на малечкото метално срце.
                                                                     Елио Репел
  

        
Добриот научник! :-)
               Анализа на расказот
1.Наслов на расказот:______________________
2.Автор на расказот:________________________
3.Тема на расказот:___________________________________________________
4.Ликови:___________________________________________________________
5.Позитивен лик-опис_________________________________________________
6.Негативен лик-опис _________________________________________________
7.Порака:____________________________________________________________
8.Најинтересен дел од расказот:__________________________________________

Задача:Подели го расказот на делови и стави им наслови!
            Опиши ги ликовите!
            Илустрирај!

💬 Учениците од шесто одделение се многу амбициозни, вредни, а задачата успешно ја завршија.
👇 Погледнете!

Теона Велковска

Јана Парталоска





Венера Шутиноска

Нема коментара:

Постави коментар