Страници

7. 8. 2012.

Придавки

Придавките именуваат некаква карактеристика на предметите, суштествата и појавите.
Пр.чиста маса, мала куќа, црно маче, убава девојка, училиштен двор итн.
придавките се во тесна врска со именките и најчесто се употребуваат со нив. Придавките ги имаат истите граматички категории како именките(род, број, определеност). Таа се согласува со именката по однос на овие категории.
Пр.висок човек-еднина, машки род, неопределена; високи луѓе-множина
или високиот човек-определена придавка;
      висока жена-еднина, женски род, неопределена; високи жени-множина
или високата жена-определена придавка;
      високо дете- еднина, среден род, неопределена;високи деца-множина
или високото дете-определена придавка.
Според значењето придавките се делат на :описни(квалитативни), односни(релативни), бројни и заменски.
Описни придавки-означуваат својства на предметите што произлегуваат од нив, од нивното внатрешно својство.Со нив се опишуваат предметите и појавите.одговараат на прашањето каков е некој и нешто.
примери:долг, мал, широк, дебел, ситен, висок, голем;
                благ, лут, кисел, горчлив, солен;
                мазен, кршлив, тврд, мек;
                зелен, бел, црн, црвен;
                љубезен, мрзелив, храбар, паметен.
Односни придавки-означуваат карактеристика на предметот од односот со некој друг предмет.
Поделени се на материјални придавки(дрвен, железен, стаклен, сламен, волнен, хартиен)и присвојни придавки(градски, селски, работнички, дедов, татков).
Бројни придавки-однос на некои предмети по ред и се образуваат од броеви.
примери:втор, петти, двоен, трети, стоти)
Заменски придавки-се образуваат од заменки и се делат на:присвојни(мој, твој, наш, нивни),
количествени(толкав онолкав), квалитативни(таков, ваков), прашални(каков, колкав), општи
(секаков), неопределени(некаков).
Степенување на придавките
Описните придавки се степенуваат (може да имаат различен степен на особеноста)
пр.висок-повисок-највисок
Описните придавки имаат две форми за степен:компаратив(по-)и суперлатив
(нај-),наспрема основната форма-позитив.
вкусна( торта)-позитив
повкусна(торта)-компаратив
највкусна (торта)суперлатив.
За да се степенува мора да има повеќе од еден предмет.
Прекрасна девојка
Играм интересна игра!
        

Нема коментара:

Постави коментар