Заповеден начин
Проста глаголска форма со која лицето што зборува искажува заповед.
Форми за заповеден начин има само во второ лице еднина и множина и со нив се искажува директна заповед.
Во трето лице еднина и множина има конструкции со честичките да и нека и формите за сегашно време(да чита,нека чита,да читаат,нека читаат) и имаат значење на индиректна заповед.
Во прво лице множина има повик за заедничко вршење на дејство и тоа не се заповедни форми(да одиме)
Наставки за заповеден начин се:
еднина множина
1л./ 1л./
2л.-ј 2л.-јте
3л./ 3л./
Овие наставки се додаваат на општиот дел на глаголот и тоа кај глаголите од а-група,од е-група чиј општ дел завршува на самогласка(читај-читајте,пиј-пијте).
еднина множина
1л./ 1л./
2л.-и 2л.-ете
3л./ 3л./
овие наставки се додаваат на општиот дел на глаголот и тоа кај глаголите од и-група чиј општ дел завршува на согласка:носи-носете,мисли-мислете.
Одречни форми на заповедниот начин се образуваат со додавање не пред глаголот(не читај,не
носи) или со немој и да -конструкција:немој да читаш,немојте да читате.
Од некои глаголи не се образува заповеден начин:може,треба и сл.
Примери:
чита
еднина множина
1л./ 1л./
2л.читај 2л.читајте
3л./ 3л./
пие
еднина множина
1л./ 1л./
2л.пиј 2л.пијте
3л./ 3л./
носи
еднина множина
1л./ 1л./
2л.носи 2л.носете
3л./ 3л./
плете
еднина множина
1л./ 1л./
2л.плети 2л.плетете

Нема коментара:
Постави коментар