Страници

13. 2. 2012.

Синтакса

   Реченицата е основна јазична единица со помош на која комуницираме.
  Основни(главни) реченични членови се прирок и подмет.
  Предметот(директен,индиректен и предлошки) и прилошките определби се неопходни реченични членови.
Атрибутот и апозицијата се второстепени реченични членови.
 Реченицата е составена од личноглаголска форма,која врши функција на прирок(основен реченичен член).
Реченица во чиј состав има само еден прирок се вика проста реченица.
Прирокот се согласува со подметот по род,број и лице.
Повеќе од еден прирок во реченицата(два,три) значи дека реченицата по состав е сложена.
Одделните реченици во составот на сложената реченица се викаат дел-реченици.

                               Структура на проста реченица

                                                    Прирок

           подмет    директен   индиректен    предлошки      прилошка
                            предмет      предмет          предмет           определба

                                          атрибут и апозиција 
 Примери:
            Ане пишува.
            Ане пишува писмо.
            Ане го пишува писмото.
            Ане го пошива писмото денес.
            Ане го пишува писмото во работната соба.
            Љубопитната Ане го пишува писмото во татковата работна соба.
            Ане,сестрата на Мими,го пишува писмото.

Ова се примери како расте бројот на реченични членови.

                     Предмет и видови предмет


Членот во реченицата врз кој преминува глаголското дејство се вика предмет.
Во македонскиот литературен јазик има три вида предмет:директен,индиректен и предлошки.
1.Директен предмет

Меле јаде цреши. 
Меле ги јаде црешите.
Глаголското дејство директно преминува врз предметот.
Одговара на прашања:што?(за предмети) и кого?(за лица).


2.Индиректен предмет 


Му донесов подарок на Ахмет.
Им реков на пријателите.
Со предметот се именува оној на кого му е наменето дејството.
Одговара на прашањата:на кого? и кому? 

3.Предлошки предмет

Јас пишувам со пенкало.
Зборува за проблемите. 
Предметот се поврзува со предметот со помош на предлог. 
Одговара на прашањата:кого? и што? + предлогот во реченицата.

                  Удвојување на директниот и индиректниот предмет

Една од најважните карактеристики на македонскиот јазик е удвојувањето на предметот.
Удвојувањето се врши на тој начин што со зборовите кои вршат функција на директен и индиректен предмет се употребуваат и кратките форми на личните заменки и повратната заменка.
Долги и кратки заменски форми се:
 еднина                                            множина
1л.Јас:мене,ме;мене,ми         1л.Ние:нас,не`;нам,ни

2л.Ти:тебе,те;тебе,ти             2л.Вие:вас,ве;вам,ви
3л.Тој:него,го;нему,му            3лТие: нив,ги;ним,им
      Таа:неа,ја;нејзе,и`
      Тоа:него,го;нему,му
Повратна заменка:себе(си),се;себе(си),си 

 со црно-директен предмет;со сино-индиректен предмет
 

1.Удвојување на директниот предмет
Директниот предмет се удвојува во следниве случаи:
-со долгите форми од личните заменки,како и од повратната заменка:
Пр.Мене ме избраа за претседател на одделението.

     Јас ги поканив нив на мојот роденден.
     Себеси се обвинуваше во врска со новонастанатата ситуација.
-со членувани именки или именски групи:
Пр.Го отворија писмото и ја прочитаа пораката. 
     Немам зборови да го искажам моето пријатно изненадување.

-со показни заменки,кои можат да се јават и со именки:
Пр.Јас ова потоа го слушнав.
     За вас ја кревам оваа чаша.
-со лични и географски имиња:
Пр. Во паркот ја видов Симона.
       Мајсторот  го напушти Октиси.
- со односни заменки:
Пр.Детето спиеше под ќебето што успеало да  го повлече.

Нема коментара:

Постави коментар