Страници

3. 3. 2018.

За езерото и неговите убавини-лични творби

Езерото, вечна инспирација за прекрасни ученички стихови. Прочитајте ги песните, на секогаш инспирираните, шестоодделенци!
                     
Езерска слика

По езерото кајче плови,
рибарот вешто риби лови.
Езерото јас го гледам,
за него убави стихови редам.

Риби мирно пливаат,
галеби силно летаат.
Сонцето пламено гори,
кајче со бранчиња се бори.

Месечината цела ноќ свети,
на езерото нежност му вети.
Патникот патува до зори, се чуди,
со насмевка езерото се буди.
-Аделина Калчиноска

Езерска слика

Лебед бел езерото го краси,
во водата лиценеце си мие.
Над водата рипче скокна,
од рибарот сака да се скрие.

Езерото наше Охридско се вика,
убаво, волшебно, вистинска слика.
Мирно и тивко како во мај,
блеска со прекрасен пролетен сјај.

Тивко е езерото, сонце го грее,
на песокот ракче се смее.
Деца на кејот шетаат,
на галебите храна им фрлаат.
-Хафса Мевмедоска

Езерска слика
Лебедот бел на езеро спие
своите крилја нежно ги крие.
Од југ ветерот се јави
езерски бранови тој направи.
-Фемија Руфатоска
                                           
Езерото
Езерото сино го гледам
стихови за него редам.
Кајче по езерото плови,
рибарот риби лови.

Лебеди, убави и бели,
со крилјата нежни се цели.
Галебите летаат високо,
на небото бескрајно широко.

Езерото го гледам во детските очи,
восхит и спокојство од нив се точи.
Капка вода на лицето ми капна,
езерска слика во срце ми стапна.
-Мирела Усоска

Езерска убавина

Езеро, рајско, убаво,
слатко, нежно и чудесно,
не` испраќа кај ветрови,
со Црн Дрим не` збратими.

Излегов да се прошетам,
крај Дримот до езерото,
ветерот силно вееше,
езерска песна пееше.

Во Струга сме родени,
со песни езерски задоени,
по Светот кај и да одиме,
езерото во мисли го носиме.
-Мелани Будоска
                       
                       
Езерска слика

Езерото со восхит го гледам,
стихови за песна редам,
за рибарот со кајче што плови,
за рибите со јадица што ги лови.

Песокот со езерото се ракува,
пријателство вечно посакува,
Ветерот со бранчиња се гушка,
за лебедот со галебот шушка.
-Дилбера Шерифоска

Езерска слика
По езерото кајче плови
рибарот риби лови
шареното кајче вешто броди,
со бранови езерски се бори.

Езеро, тивко, мирно,
големо си, сино и ширно.
Ветерот зад Јабланот се јави,
немирни бранови ќе прави.
-Ирфан Калчиноски