Вежба за броеви
За еден месец
ќе наполнам дванаесет години. Многу сум
возбуден поради мојата роденденска
забава. Веќе две-три седмици ја правам
листата со гости. Ќе поканам триесетина
другари.
Осуммина се од
мојата улица, десетина од училиште, а
трите другарки од Охрид, со задоволство
ќе дојдат.
Двете мои сестри
се задолжени за украсување на собата
во која ќе се случува забавата. Ќе биде
весело! Дваесетина балони во разни
бои ќе ја дополнат атмосферата. Мајка
ми ќе приготви вкусна торта. На тортата
ќе го има амблемот на мојот омилен
фудбалски клуб Јувентус.
Четворица другари
навиваат за истиот тим. Седум-осум другари
навиваат за Барселона, а тројца за
Баерн. И пет-шест девојчиња се големи
љубителки на фудбалот.Често, знаеме да
дискутираме со жестина бранејќи го
својот тим.
Со нетрпение
ги бројам деновите до роденденот. Триесет,
дваесет и девет, дваесет и осум...
Број
|
Точна бројност
|
Приближна бројност
|
Бројна форма за лица
|
Определеност
|