Страници

4. 12. 2013.

Иронија

                          
Иронија


  Иронија  
 Иронијата е изразно средство во кое со замена на два поима се изразува потсмев кон некого или нешто. 
Или:Стилска фигура со која се исмејува некој или нешто во форма на привидна  согласност или пофалба
 

  Тогај рече Марко Крале:
”Бог те убил, црна Арапино!
  Ал’ се смееш, ал’ навистина маваш,
  ал’ од кожува правот ми го тресеш?“

(Марко Крале ја одменува свадбарината)

****************************************************************************
  Момче невеста фалеше
Имам невеста работна
на ден си нишка тегнеше
и во месец пасменце
а на година платненце!  

****************************************************************************
Народна песна, во која девојката се преправала дека не го сака момчето и
 го замолила да ја пушти да си оди, на тргнување иронично му рекла:
                           „Срети волкот рудо јагне-
                                            не умеит да го давит.
                                            Срети сокол еребица
                                            па не знаит да ја јадит.“


Или во секојдневниот говор: Ти си ми навистина добар другар (а мислиме лош)

 
„Бре, што арно сабјава читала
  што убаво не` разговори
  на душата, кој научи вака?“
             -П.П.Његош 
 
„ Сега и татко глава си чешка
  Го гледа долго синчето тој
  -Е,јас сум сакал сабји и копја,
  а јарец печен синот мој!“
                  - Ѓ.Јакшиќ
  
 
„Тука е Врабец, јунак над сите 
  блазе на мајка што го родила!
  Шушна нешто во грмушка
  летна јунак да бега!“ 
       -Б.Нушиќ

                
„Гугај ми, гугај, голубе,
  И јас сум така гугала
  кога сум била при мајка;
  сега ме млада мажиле,
  па си гугам тажачки!“
     -Народна песна
  
„Каде одиш „Умна“ главо,
велиш дека имаш право.
Сам си делиш многу фалби,
а за тебе има само жалби.“
    -Т. Јованчевска
************************************************************************
                               Драматизација
                             Дарежливост
(Другарот и Сосед 1 разговараат за Сосед 2 и неговата скржавост. Сосед 1 му вели на Другарот дека ќе му докаже дека тоа што го зборува е вистина, а тој треба  само  да стои настрана,  да го слуша и гледа разговорот)
Сосед 1: Добар ден, соседу!
Сосед 2:  Добар ден, добар ден! (зборува со полна уста јаболко)
Сосед 1: Како си?На здравје! Си јадеш јаболко?
Сосед 2: Да, да! (продолжува да јаде откривајќи ја желбата на соседот да добие јаболко)
Сосед 1: А, убави ти се јаболкава! Црвени, сочни, миризливи... ммммм!
Сосед 2: Да, убави се, од мојата градина! (продолжува да сече и јаде без да го понуди соседот)
Сосед 1: А, што велиш, да ми дадеш едно јаболко? (отворено ја искажува желбата)
Сосед 2: (не баш со задоволство) Ами, кога велиш! (сече од јабокото мало парче) Еве, повели!
Сосед 1: Е, драг соседу! Многу ти благодарам! Јас знам за твојата дарежливост, ама од сега натаму на сите ќе им раскажам колку е дарежлива твојата рака. (заминува)
                      
Раката што дава не се суши

3. 12. 2013.

Од ученичкото перо-творби


                                         


                              Авантура со облакот
                   Додека спиев, ме разбудиjа чудни капки дожд.Го отворив прозорецот, сонцето грееше,а се` уште по малку врнеше дожд.Кога погледнав нагоре,видов облак како плаче.Тивко се спушти на мојот прозорец.
-Зошто плачеш!-го прашав.
Облакот ми одговори:„Јас сакам да другарувам со Сонцето,но тоа не ме сака мене!“
Се понудив да помогнам,се качив на облакот и тргнавме на едно неверојатно патување.
Заедно пловевме низ небесната шир кон Сонцето.Но силниот дожд и грмотевиците не` спречија.
Јас извикав:,,Ние сакаме само да се дружиме!“
Дождот и грмотевиците си заминаа.Ние многу се уморивме и заспавме спуштени на меката трева под нас.Но еден чуден звук не` разбуди.Тоа беше волкот.
-Ауууу!Разбудете се!-завиваше тој.
Кога ги протрив очите, видов еден куп животни, мали и големи.Навистина беше возбудливо да си со толку животни.
Сите сакаа да дојдат со нас.
-Тамара,да ги земеме со нас?-ме праша мојот пријател.
-Во ред,но како ќе носиме толку многу животни?-го запрашав.
-Не грижи се,јас можам да се издолжам и зголемам колку сакам!
Неверојатно беше да патуваш со толку животни.За прв пат го видов целиот свет.Многу беше интересно!.Но зајачето се повреди кога престојувавме на Алпите и мораше да чекаме два дена за да оздрави .По два дена зајачето закрепна и продолживме со нашата авантура.Кога стигнавме кај сонцето,му ја раскажавме нашата авантура.
-Драг облаку,па ти си мојот брат!-му рече сонцето.
Сонцето и облакот се прегрнаа и отогаш беа верни другари. Сите се вративме во нашите меки кревети.Утредента на сите им ја кажав мојата авантура кој за многумина беше неверојатна.

                                               
                               Разговор со облакот
     
Тоа утро сите станавме да појадуваме.Јас се најадов и излегов во дворот за да се нишам на нишалката.По некое време, наслушнав еден тивок глас.Се завртев околу мене збунет бидејќи немаше никој.
-Еј, јас сум,погледни нагоре!-ми се обраќаше едно бело облаче.
Не ми се веруваше дека облакот разговара со мене.
Јас му реков на облакот да се
спушти  долу на земјата за да можам да одлетам со него,некаде далеку.
Тој одговори:,,Секако ќе се спуштам  ако одиграме еден натпревар во фудбал.
-Секако,ќе одиграме!-му одговорив.
Јас
ја  зедов мојата фудбалска топка  и излегов надвор.
По
неколку минути, започна играта.Дојдоа сите луѓе да не` гледаат. Беа воодушевени,затоа што облакот многу добро се снаоѓаше со топката.
Изненадно, тој рече:,,Јас не можам повеќе да седам овде, треба да направам една значајна работа.Јас реков:,,.И јас ќе дојдам,земи ме!
-Добро, качи се на мене и ќе одиме да ги израдуваме малите деца,ќе им донесеме снег
за да си играат.
Се качивме високо на небесната шир.Погледот беше неверојатен.Бескрајно синило насекаде.
-Ајде,стисни на моето копче за да го истурам снегот. Цело лето го собирав снегот во моите пазуви да не го истопи сонцето.
Тој ден, јас бев возбуден  затоа што играв фудбал со милиот облак.А,можноста да расеам снег насекаде,  ме направи најсреќно дете.

                                                                Едип Идризоски